Која странска компанија финансиски го поддржала ДУИ на изборите и го вработила братот на владиниот функционер што ја донел во земјава?

by Фокус

Новиот број на неделникот носи продолжение на темата за финансирање на ДУИ. Како што веќе пишувавме, „интегративците“ мораа да им ги вратат парите на две компании што донирале средства за изборната кампања на изминативе парламентарни избори, бидејќи во моментот на донациите вршеле јавни работи по пат склучен договор за јавна набавка, и тоа од локална самоуправа раководена од градоначалник од оваа партија.

Новото продолжение се однесува на уште една компанија на листата на донатори на ДУИ, која всушност е странска компанија што во земјава ја донел владин функционер назначен токму од оваа партија, чиј брат, пак, годинава се вработил во истата компанија. Тоа е проблематично од законски аспект, особено доколку оваа компанија користела дел од државните субвенции што владата ги предвидува за странски инвеститори.

Ваквите информации доаѓаат во време на политичка неизвесност дали и кој ќе ја формира идната влада, што зависи од токму од партијата на Али Ахмети. Во албанската партија се изострува поделбата меѓу оние што се залагаат за задржување на досегашните позиции и оние што се залагаат за политички промени, што ќе значи крај за лукративните интереси на многумина партиски функционери, па во периодот што следува ќе стане јасно кој табор ќе превагне.

Поврзани новости