Фотографии од атрактивна девојка која провокативно позира на трибините на Светското првенство во Катар го обиколија светот, и младата жена за кратко време се најде на страниците на голем број на познати списанија. Дури и ја доби титулата за најубава навивачка на првенството, која ги промовира боите на Хрватска.
Ивана Кнол, 30-годишната Хрватка која е топ тема на првенството, и во минатото ги красеше трибините на Светско, во Русија. Тогаш се најде и во популарното британско списание ,,The Sun”, како една од најубавите навивачки.
Често се појавува на интернационални фудбалски натпревари, а за себе вели дека е модел и инфлуенсерка.
Во свое постаро интервју изјави дека според неа најголем ,,фраер” од јавните личности во светот е Владимир Кличко, и единственото нешто кое би го променила кај него, е неговата сопруга.
Пред две години си ја проба среќата и во дизајнерството и лансираше своја линија на машка долна облека. Во 2020 година, исто така се испроба и во актерските води и се појави во хрватска ТВ серија. Сепак, за кратко време се откажала од дијзанерството и глумата, и е посветена на објавувањето на фотографии на социјалните мрежи и рекламирањето на разни брендови.
Родена е во Германија, но уште на рана возраст се преселила во Хрватска. На Инстаграм има околу 600.000 следбеници, а деновиве освен комплименти поради изгледот, доби и критики поради провокативната гардероба, затоа што во Катар не е прифатливо разголувањето на жените, односно покажување на стомак, гради и колена во јавност.
Вики Клинчарова