СП2022: Белгија не ја мина групната фаза

by Fokus

Белгија на големо изненадување доживеа елиминација од Светското првенство веќе во групната фаза, откако вечерва во третото коло во групата Ф одигра нерешено 0-0 против Хрватска, на која бодот ѝ беше доволен за пласман во нокаут фазата заедно со репрезентацијата на Мароко која триумфираше над Канада со 2-1.

Мароко заврши првопласиран во групата Ф со 7 бодови, пред Хрватска (5), Белгија (4) и Канада на последното место без бодови.

Во директниот дуел за пласман во осминафиналето, Хрватска со многу среќа одолеа на нападите на Белгија во чиј редови Ромелу Лукаку пропушти неколку колосални шанси за гол откако влезе во игра на почетокот на второто полувреме.

Мароко до победата со која го завери пласманот во нокаут фазата дојде со головите на Зијеш во 4. минута и Ен Несири во 23 минута. До крајот на полувремето Канада ја преполови негативата со автоголот на Агуерд.

Поврзани новости