881
Авторката Ивана Јанева пред неколку дена ја издаде својата прва книга насловена како „Зборовите на безгласната девојка“.
Станува збор за збирка раскази, над 70, кои како што вели авторката, тоа се кратки текстови во кои се кријат зборови, безгласни пораки кои вриштат од дно на душа.
Авторката инспирацијата ја црпи од својот, од животот на блиските, но и од луѓе кои се попатни странци. За себе вели дека е голем емпат. Човек кој лесно може да ги почувствува туѓите емоции, а уште полесно да допре до душата на читателот.
Јорданчо Цветаноски