Според предвиденото решение, граѓаните нема да мора веднаш да вадат нови документи со новиот грб. Тоа ќе го направат кога ќе им истече рокот, но ако некој сака ќе може и веднаш да си ги смени документите.
Нацрт-законот за државен грб на Република Македонија којшто Владата го усвои вчера не предвидува граѓаните да мора веднаш да вадат нови лични документи кои би го содржеле новото решение на грбот, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Тој истакна дека граѓаните нема да имаат обврска веднаш да ги менуваат своите лични документи. Согласно нацрт-законот, актуелните лични карти и пасоши кои тие ги поседуваат во моментот, ќе продолжат да важат до рокот на нивната важност кој е впишан во документите.
– Нема да имаат обврска да вадат нови документи по усвојувањето на законот во Собрание, односно нема да имааат трошок. Доколку некој граѓанин сака самоиницијативно да извади лична карта или пасош, кои би го содржеле новиот грб, тоа ќе може да го направи, но ако нема таква желба, тогаш ќе продолжи да си ги користи личните документи кои во моментов ги поседува а се со актуелниот грб, додека не им помине рокот на важност на документите, рече Ѓорѓиев.