Академијата за филмски уметности и науки ќе ги додели Оскарите в недела навечер на 95-та церемонија во театарот Долби во Лос Анџелес.
Критичарот на Њујорк Тајмс, во пресрет на церемонијата, предвидува кои се главните фаворити за освојување на оваа престижна филмска награда.
Филмовите со најголем број номинации на вечерашната церемонија на Оскар се: „Everything Everywhere All At Once “ – 11 номинации, „All Quiet on the Western Front “ и „The Banshees of Inisherin “, по девет номинации, „Elvis “ – осум номинации.
Номинации за најдобар филм: “Everything Everywhere All at Once” (Сè во свое време), “The Banshees of Inisherin”, “The Fabelmans”, “Tar”, “Top Gun: Maverick”, “Avatar: The Way of Water”, “Elvis”, “All Quiet on the Western Front”, “Women Talking”, “Triangle of Sadness”.
Пред да започне сезоната на награди, кој би помислил дека „Сè во свое време“ ќе стане од аутсајдер во омилен? Тоа е мешавина од научна фантастика и комедија за боречки вештини, а не токму она што ви паѓа на ум кога ќе помислите на мамката за Оскар, пишува критичарот на Њујорк Тајмс, Кајл Бјукенан. А сепак, овој ексцентричен хит имаше доволно срце и генијалност за да заработи врвни признанија од актерската екипа, писателите, продуцентите и асоцијациите на режисерите, нешто што само четири други филмови во историјата го постигнале. Сите тие филмови добија Оскар за најдобар филм, а „Се во свое време“ е во позиција да го постигне истиот подвиг.
Дел од постарите гласачи на Академијата се збунети од тоа и најверојатно ќе се одлучат за класичен блокбастер како „Топ Ган: Маверик“ или особено сагата на Нетфликс од Првата светска војна „На Запад ништо ново“, која се појави во последен момент и победи за најдобар филм на Британските награди БАФТА. Бидејќи ниту еден од двата филма не заработи номинација за Оскар за режија или глума, шансите да го победат „Сѐ во свое време“ се мали.
Номинации за најдобар режисер:
– Мартин Мекдонаг, „The Banshees of Inisherin “, Даниел Кван и Даниел Шајнерт, „Everything Everywhere All at Once “, Стивен Спилберг, “The Fabelmans”, Тод Филд, „Tar“, Рубен Остлунд, „Triangle of Sadness “.
Номинации за најдобар актер:
– Остин Батлер, Колин Фарел, Брендан Фрејзер, Пол Мескал, Бил Наји
Номинации за најдобра актерка:
– Кејт Бланшет, Ана де Армас, Андреа Рајзборо, Мишел Вилијамс, Мишел Јео.
Номинации за најдобра споредна машка улога:
– Брајан Тајри Хенри, Џад Хиршер, Брендан Глисон, Бери Кеоган, Ке Хуи Кван,
Номинации за најдобра споредна женска улога:
– Анџела Басет, Хонг Чау, Кери Кондон, Стефани Хсу, Џејми Ли Кертис
Номинации за најдобар странски филм:
– “All Quiet on the Western Front”, Гермамина, “Argentina, 1985”, Аргентина, “Close”, Белгија, “EO”, Полска, “The Quiet Girl”, Ирска
На Оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хајек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгориа.
Џими Кимел по трет пат ќе биде водител на Оскаровската церемонија.
В недела во 21.30 на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“ посветена на наградите Оскар, а од 22.25 следи филмот добитник на 8 Оскари „Милионер од гетото“.
Ноќта на Оскарите ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека.
95-та Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.