Идната недела „Лајка“ ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

by fokus

Од утре заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела (13-17. март) ќе заловува во реоните Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово, во општина Аеродром.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од ЈП „Лајка“.

Оттаму информираат дека доколку граѓаните од споменатите населби сакаат да посочат на тимовите некое бездомно куче, да се јават на 02 256 5859 или 071 219 925 или можат да пријават на info@lajka.com.mk

Поврзани новости