Кој е побрз, Сител или Youtube?

by Фокус

Дали видеата што ги објави Сител се навистина прво поставени на каналот на Youtube и колку нивното оправдување дека од интернет ги презеле видеата се издржани? Во 23.50 кога го посетивме каналот на извесен Хохо Лол на Youtube, кој се појавува како постирач на двете видеа од разговорот на Груевски и Заев, стоеше дека едното е ставено пред четири часа, што не е толку спорно затоа што може да поминале 4 часа и 59 минути.

slika sitel

Но, второто е поставено пред три часа. Значи и да поминале 3 часа и 59 минути, тоа значи дека е објавено некаде пред 20 часот и никако порано. Тогаш, како Сител ги објави видеата во 19.30? Во најмала рака второто, кое на Youtube  е постирано околу 20, телевизијата не можела да го преземе од интернет каналот со оглед дека во вестите е емитувано точно во 19.28 минути.

Секако проблематично е и тоа кое лице ги поставило материјалите на интернет? Сигурно дека МВР со нивната софистицирана опрема и начинот на кој организираат истраги и приведувања, лесно можат да проверат кој од каде ги поставувал.

Пред малку ВМРО ДПМНЕ ги повика надлежните да истражат како видеата завршиле низ медиумите. Може за почеток да прашаат во Сител?

 

Поврзани новости