Двајцата анестезиолози од гевгелиската болница се суспендирани од работа додека не заврши истрагата за родилката и нејзиното бебе кои починаа во текот на операцијата со царски рез, пренесе Нова изјава на Сретко Јованов, директор на болницата.
-Издадена е наредба да се стопираат сите операции во гевгелиската болница, а итните случаи да се препраќаат во болницата во Струмица. Одлучивме да ги суспендираме и двајцата додека не заврши истрагата. За тоа дали е пронајден алкохол во крвта се уште немам официјална информација. Јас бев присутен во текот на операцијата кога беше присутен само едниот анестезиолог и не ми остави впечаток дека е во алкохолизирана состојба – изјавил Јованов.
Се уште не се потврдени официјално наводите дека анестезиолозите биле алкохолизирани за време на породувањето.