393
Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на Еврохотел. Според информациите пласирани од тамошниот портпарол на СВР Охрид, Стефан Димовски трагедијата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „Фијат караван“ од засега непознати причини излетало од патот.
– Едно лице родено 1986 година од Кичево го загуби животот. едно е префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, а три во Струшката болница, изјави Димоски. Од Болницата во Струга информираат дека две од повредените лица по укажаната помош веднаш биле пуштени на домашно лекување, а едно е препратено во специјалната болница „Свети Еразмо“.