Кој е одговорен во МНТ за повредите на актерката Велјанова?

by Фокус

Актерката Лилјана Велјанова е оперирана откако се здобила со тешки телесни повреди при пад од сцената во Македонскиот народен театар. Според извори на Фокус падот се случил кога таа преминувала од големата кон малата сцена. Еден од модулите (коцки на хидраулика кои се движат горе- долу во зависност од потребите на сцената) на главната сцена бил спуштен за разлика од другите кои биле поставени на нулта позиција. Со оглед дека сцената била темна, таа не забележала дека едниот модул е спуштен и практино паднала во дупката.

Изворите пренесуваат дека таа морала да се појави на малата сцена затоа што имала закажано проба за новиот проект на режисерката Зоја Бузалковска кој е во соработка со МНТ. Настанот го проследиле неколкумина актери кои исто така се дел од преставата. Тие толку се исплашиле што не знаеле дали да повикаат амбулантно или погребално возило. Падот бил страотен, а повредите тешки.

mnt

Овој случај, кој е трет по ред, по претходни два помали инциденти, за кои јавноста воопшто не ни знае, конечно ја отвора дилемата кој е одговорен за инцидентот? Дали тоа се луѓето од техничкиот персонал на театарот или одговорноста оди и повисоко до директорите? Откако се слушна за немилиот настан актерите од МНТ започнаа да поставуваат прашања, на кои најверојатно одговорните ќе мора да одговорат. Зошто на пример до малата сцена се стигнува преку големата? Дали тоа значи дека има пропусти во архитектонското решение на театарот? Дали одговорност има кај лицата задолжени за движење на модулите на главната сцена? Дали е извршен технички прием на објектот во кој е сместен театарот? Револтот е толку голем што актерите и вработените во МНТ сега го отвораат и прашањето за стручноста и способноста на персоналот. До кога ќе се вработуваат роднини и пријатели кои немаат поим од театарската дејност?

Сега актерката, иако има инфромации дека МНТ ќе ги покрие трошоците за лекувањето, има право на тужба затоа што за влакно се извлекла. Чуден е и молкот на раководството на МНТ во кое, како што се зборува низ актерските кругови, имало две фракции во однос на несреќата. Како и да е, овој последен случај со Велјановска не смее да остане без казнети и без нечија одговорност.

 

Поврзани новости