Александар Трајковски е фудбалскиот херој кој синоќа го даде одлучувачкиот гол во мечот против Италија и и донесе победа на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светското првенство.
Скопјанецот кој има 29 години, а кој уште пред седум години потпиша за италијанскиот клуб Палермо, е познат во светот на фудбалот како наш репрезентативец, кој е во професионалниот спорт уште од рана возраст. Хрватскиот клуб Интер Запрешиќ своевремено го чекал да наполни 18 години, за да почне да игра за него, а потоа, кога имал 19 години белгискиот клуб Зулте Варегем за него платил еден милион евра.
Околу тоа кој е приватно Александар, самиот фудбалер често објавува фотографии од семејниот живот на својот Инстаграм профил. Во брак е со црнокосата Сандра, и татко е на Матеј кој во октомври ќе полни шест години.
Уште од самото раѓање на синот, кој го доби еден месец откако наполни 24 години, тој со гордост споделува со јавноста детали од приватноста.
Првата фотографија од синот која ја објави беше направена неколку часа по неговото раѓање, а чести се неговите коментари под фотографиите дека семејството е неговиот центар на светот.
-Најважното нешто на светот е семејството и љубовта – е една од многубројните пораки од фудбалерот, кој под фотографиите со сопругата и синот редовно објавува детелина со четири листа, симбол на среќа, како и црвено срце.
Иако со години наназад живеат во странство, редовно ги одбележуваат традиционалните македонски празници, и важат за идиличен пар кој живее во голема љубов.
Вики Клинчарова