Кој е „Черепот“ што му пресуди на Борисов?

by Fokus

Васил Божков е бугарски олигарх и главен идеолог и движечка фигура на Граѓанската платформа „Бугарско лето“. Важи за голем колекционер на ретки антиквитети и уметнички слики.

Во јануари 2020 година, Божков ја напушти Бугарија и побегна во Дубаи за да избегне притвор, по што беше обвинет за повеќе обвиненија, вклучувајќи убиство, перење пари, даночно затајување.

По неговото бегство, Божков тврдеше дека бил подложен на систематски рекет од страна на властите. Ова можеби и е точно откако бугарските медиуми објавија дека поранешниот премиер Борисов му барал пари, а беа објавени фотографии и видео снимки.

Божков побегна од земјата пред да биде издаден налог за негово апсење и во моментов е во притвор во Обединетите арапски емирати, од кои Бугарија бара негова екстрадиција.

Колку пари барал Борисов од Божков

Божков, во повеќе објави на Фејсбук во мај минатата година, ги обвини тогашниот бугарски премиер Бојко Борисов, министерот за финансии Владислав Горанов и пратеничката Менда Стојанова за изнуда.

Борисов и Божков

Тој објави дека Борисов и Горанов побарале да им плати 20 проценти од приходот, кога се обидел да продаде половина од својот коцкарски бизнис на чешка компанија за милијарда лева (500 милиони евра). Тој тврди дека Борисов и министерот за финансии, кога слушнале за тоа, се обиделе да го принудат да го пренесат мнозинскиот удел на компанијата на лицето што тие го назначиле и дека го нападнале неговиот бизнис кога тој одбил да го стори тоа.

Божков вели дека за сето тоа и официјално го известил Обвинителството и главниот обвинител Иван Гешев, а според наводна пријава Божков меѓу 2017 и крајот на 2019 година на Борисов му платил 60 милиони лева, како и на министерот за финансии бидејќи тие тоа го побарале од него.

Во соопштението од Обвинителството се наведува дека специјалното обвинителство ја задолжило Државната агенција за национална безбедност да провери зошто „Уникредит банка“ не ја известила Дирекцијата за финансиско разузнавање кога се процесирале плаќања во износ поголем од 30.000 лева (15.000 евра), како што налага Законот за перење пари.

Тој во неколку наврати поткупил владини службеници, вклучувајќи го и поранешниот претседател на сега укинатата Државна комисија за коцкање, соопшти Министерството за финансии на Бугарија лани, а откако Соединетите Американски Држави го ставија на нивната листа на санкции поради корупција. Бизнисменот, според истрагата на бугарските обвинители, му плаќал на поранешниот претседател на Државната комисија по 6.200 американски долари на ден за да им ги одземе лиценците за коцкање на неговите конкуренти.

Божков, во друг случај, е обвинет и за давање пари на поранешен бугарски функционер за да му помогне „да создаде канал за да можат руските политички лидери да влијаат врз бугарските владини службеници“.

Како се поврзува Божков со Борисов?

Бојко Борисов

Во таа насока, движењето Боец го постави прашањето дали има совпаѓање меѓу сериските броеви на парите кои се видоа на фотографии од спалната соба на Борисов и вкупно повлечените 60 милиони лева од Божков, за кои тој тврди дека му ги предал на поранешниот премиер користејќи ја како посредник неговата портпаролка Севделина Арнаудова и Горанов.

Вицепремиерот Василев рече дека пак акцијата е поврзана со сигнали од Божков и од Државната финансиска инспекција од минатото лето за 556 милиони лева буџетски дефицити поради непостапување на Комисијата за коцкање, подредена на министерот за финансии Владислав Горанов.

Против Божков се поднесени вкупно 19 обвиненија, а постапувањето на МВР се случи истиот ден кога министерот за внатрешни работи Бојко Рашков се сретна со европската главна обвинителка Лаура Ковеши.

Таа беше во посета на Бугарија на покана на премиерот Кирил Петков. Од нејзините разговори во Софија стана јасно дека европското обвинителство почнало да работи на над 120 сигнали за злоупотреба во Бугарија.

Кој е всушност Черепот

Важи за голем колекционер на ретки антиквитети и уметнички слики

Божков има 63 години и неговите две приватни лотарии и обложувалници имаат годишен профит од над 200 милиони лева.
Својот бизнис го започнува со отворање на слаткарницата „Магура“ во Софија, која служела како покритие за илегална трговија со антички предмети, илегална трговија со девизи и оружје.

Потоа отвора многу менувачници низ земјата, кога тоа ќе стане легално а заедно со Илија Павлов (Мултигруп) и Младен Николов Маџо тргнуваат во заеднички бизнис со отворање на коцкарници. Има своја банка која се спојува со Комецијална банка на Мултигруп.

Во 2000 година со откуп на акции влегува и во Прва частна банка, а во 2006 година започнува да добива градби на државни патишта преку фирмата „Птица“. Полското списание „Впрост“ во 2008 година цени дека Божков тежи 1,35 милијрда долари. Една од најголемите замерки за него е изигрување на малцинските акционери во некои од своите фирми, префрлување на капиталот на друштвата во нови фирми без знаење на акционерит (во ќерки-фирми) и доделување на себе си годишпни награди без знаење на акционерите во големи вредности, во милионски суми во евра.

Тој во една прилика изјавил дека парите ги направил во во годините кога се играло без правила. Освен што е одличен математичар, Божков е и познат покераш.

Својот бизнис го започнува со отворање на слаткарницата „Магура“ во Софија, која служела како покритие за илегална трговија со антички предмети, илегална трговија со девизи и оружје.

-Држењето победничка или слаба рака не значи дека нужно ќе победите или изгубите. Важно е да можете да блефирате, а понекогаш пресуден е адутот што го криете во ракавот-изјави тој во една прилика.

Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра

Овој модел е произведен специјално за него во Канада. Лимузината е долга пет метри има заштита на ниво VR10, што значи дека може да издржи дури и напад со граната. Внатрешноста на возилото е опремено со систем за противпожарна заштита, како и довод на воздух шест часа во случај на хемиски напад.

Колку тежи Божков

Вози уникатен модел „Mercedes Maybach“ вреден 700.000 евра што штити и од удари на гранати

Списанието „Впрост“ (Wprost) во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 миијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп“, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија“.

Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила“ во Софија, а во 2007 година е сосопственик на казината во „Радисон САС“ и „Хемус“, како и на сали за бинго.

Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта“.

Главен акционер на „Холдинг Патишта“ е „АБВ Инженеринг“, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал“, ќерка-компанија на „Нова холдинг“, сопственост на Божков. Преку „Нова холдинг“ Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.

Кои се соработниците на Божков

Специјалниот кривичен суд во Софија им одреди во јули минатата година најтешка мерка „притвор под стража“ на Славчо Марков и Веселин Балтов, кои се блиски соработници на Божков.

Двајцата беа уапсени во полициска акција, а против нив се покренати обвиненија за вмешаност во криминална група за убиства, изнуда и други тешки кривични дела, организирани од Божков, кој се наоѓа во Дубаи.

Судот го потврди барањето на Специјалното обвинителство двајцата обвинети да останат во строг притвор, а одлуката е донесена по долго рочиште зад затворени врати и строги безбедносни мерки.

При извршениот претрес на адреси во една населба во Софија пронајдени беа фотографии од судии, како и информации собрани за нив, домашни адреси, користени телефонски броеви и друго. Освен за судии, биле собирани информации и за нивните семејства, вклучувајќи ги и децата.

Меѓу фотографиите имало и еден висок функционер на бугарското МВР. Еден од документите содржел и упатства за снимање на судија и следење на член од неговото семејство.

Соња Танеска

 

 

 

 

Поврзани новости