Кои се жените кои ќе ја освежат новата Влада?

Пратеничката Славјанка Петровска седнува во министерството за одбрана на местото на Радмила Шекеринска, Славица Грковска ќе биде новиот вицепремиер за борба против корупцијата, Јована Тренчевска нов министер за труд и социјална политика на местото на Јагода Шахпаска, а пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска ќе го води ресорот култура.

by fokus

Четири нови имиња, но и четири жени се изненадувањата на мандатарот Димитар Ковачевски во новата Влада.

Пратеничката Славјанка Петровска седнува во министерството за одбрана на местото на Радмила Шекеринска, Славица Грковска ќе биде новиот вицепремиер за борба против корупцијата, Јована Тренчевска нов министер за труд и социјална политика на местото на Јагода Шахпаска, а пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска ќе го води ресорот култура.

Соработничката на Шекеринска и Спасовски застанува на чело на одбраната

Славица Грковска се враќа во политиката по неколкугодишно отсуство од политичката сцена. Јавноста ја памети Грковска како еден од најактивните и најподготвените пратеници од редовите на СДСМ, особено додека партијата беше во опозиција. Таа беше пратеничка од 2002 до 2011 година.

Според нејзината биографија, Грковска има педесет и една година, дипломирала на Природно математички факултет во Скопје и е магистер по математички науки. Била помлад асистент по математика на Институтот за математика при Природно-математички факултет.

За време на нејзиниот пратенички мандат имала и значајни собраниски активности.

Во Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, била заменик претседател, потоа член на Комисија за европски прашања, член на Комисија за образование, наука и спорт, заменик претседател на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, претседател на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Француската Република, член на Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Израел, како и координатор на Клубот на пратенички, од март до септември 2010 година.

Новата министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска стана позната во јавноста кога позитивна на ковид со скафандер дојде да гласа во Собранието и беше мета на дел на јавноста дека ги крши ковид протоколите.

-Бисера Костадиновска- Стојчевска, актуелен пратеник, доктор на науки, поранешен продекан на Педагошкиот факултет во Битола, ќе биде министер за култура, рече мандатарот Ковачевски претставувајќи го новиот владин кабинет.

Таа е еден од петте потпретседателот на СДСМ, а на таа функција е избрана на последниот Централен одбор на партијата.

На местото на Шахпаска е Јована Тренчевска, која од 2020 година е директорка на Државниот инспекторат за труд. Во јавноста не е позната, но е долги години во овој сектор.

Јована е една од основачките на Форумот на жени на СДСМ, а во моментов е членка на извршниот одбор на Форумот на жени на СДСМ.

Родена е во 1969 година во Струмица. Дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на Институтот за социологија како дипломиран социолог. На истиот Институт се стекнува со звањето магистер по социолошки науки.

Од 2003 година е вработена во Министерството за труд и социјална политика како советничка за родова еднаквост во секторот за еднакви можности, а во 2018 е назначена за раководителка на именуваниот сектор.

Помеѓу 2018 и 2020 ја извршува функцијата државна секретарка во Министерството за труд и социјална политика.

Петровска пак е добро позната во јавноста како дел од техничката влада и активен пратеник во Собранието. Ново име во владата е и професорот Тупанчевски кој ќе го води ресорот правда.

Ф.Ф.С.

Освен на Ковачевски, Тупанчески беше избор и на Мицкоски

Поврзани новости