602
Христијан Мицкоски предложи формирање тим од врвни експерти кои што ќе работат на изготвување на овој закон, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право, а тоа се: професорите Владо Камбовски, Гордана Силјановска, Никола Тупанчевски, Гордан Калајџиев, Тања Каракамишева и Гордана Лажетиќ.
Според Мицкоски, одложувањето на изборите нема да го спаси од одговорност Заев, туку само ќе ја продлабочи кризата во која што се наоѓаме. Повика и да се престане со притисоци врз претставниците во законодавниот дом, без разлика на која партија и припаѓаат.