Кирил Петков и Асен Василев, лидерите на победничката „Продолжуваме со промената“, се двајца поранешни привремени министри од техничката влада на Бугарија, образовани на „Харвард“, а добија поддршка со нападот врз корупцијата и критикувајќи го Бојко Борисов дека не направил доволно за да се справи со митото во текот на една деценија на власт.
При промовирањето на партијата, двајцата изјавија дека „не се претседателска партија“, но појаснија дека го поддржуваат актуелниот бугарски претседател Румен Радев.
Петков и Василев, брзо станаа популарни во бугарската јавност, иако од страна на политичките опонентите овие „јапи“ („young urban professional”) момчиња често пати беа третирани во негативни конотации.
-Во САД Има една поговорка, Зад секоја криза што се случува во нашата историја, стојат добрите намери на некој од Харвард . Со овие зборови поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев (2012-2017) во старт ја коментираше намерата за новиот политички проект на двајцата „харвардовци“, Петков и Василев.
Тие пак, во текот на кампањата зборуваа на јазик кој може да го разбере секој гласач – ја нагласуваа потребата од стопирање на корупцијата и потребата од владеење на правото.
Ние не сме месии, не велиме дека од водата ќе направиме вино
-Ние не сме месии. Не велиме дека од водата ќе направиме вино! Тоа што го велиме е – дека секој од нас треба да ја земе мотиката и да го ископа лозјето, за да нема други што потоа ќе доаѓаат за да го ограбат грозјето, порачуваше Василев.
Уште пред изборите тие најавија дека ќе бараат нов пристап за решавање на проблемот меѓу Скопје и Софија, оценувајќи никој ни во Бугарија, ни во Северна Македонија, нема корист од тоа што во моментов нема најдобри соседски односи меѓу двете земји.
-Луѓето треба да се чувствуваат спокојни, никој да не биде угнетуван, треба да има заеднички бизниси, групи студенти од двете земји да можат да се посетуваат меѓусебно, луѓето да се запознаат и да живеат поспокојно и во двете земји. Тогаш фокусот на историјата ќе се префрли на сегашноста и на она што можеме заедно да го направиме во иднина, бидејќи ако само гледаме назад, никогаш нема да направиме чекор напред, изјави Василев пред изборите.
Уште синоќа, Петков, во разговор за БНТ најави дека ќе преговараат за нова Влада со сите партии со кои имаат заедничка цел: да запре корупцијата, да се смени главниот обвинител и да има реформа на судскиот систем.
Нема да преговараат единствено со ГЕРБ и ДПС. Петков, кој исто така е поранешен министер (за економија) во службената влада на Стефан Јанев, потврди дека тој ќе биде партискиот кандидат за премиер.
Василев е професор и коосновач на компанија за авиобилети
Асен Васков Василев е бизнисмен, претприемач и економист. Тој ја извршуваше функцијата министер за финансии во кабинетот на Стефан Јанев од 12 мај до 16 септември 2021 година.
Роден е на 9 септември 1977 година во Хасково. По завршувањето на средното образование, бил примен и подоцна дипломирал економија на Универзитетот Харвард, а потоа специјализирал за деловна администрација и право на бизнис школата Харвард и на Школата Харвард Ло.
Тој е коосновач и претседател на Everbred, компанија за цени на авионски билети, кој е делумно е финансиран од Националниот истражувачки фонд на Сингапур и првиот инвеститор во Skype.
Тој е коосновач и директор ина Центарот за економски стратегии и конкурентност. Предавач е на Програмата за економски раст и развој, филијала на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и со Центарот за стратегии и конкурентност на бизнис школата Харвард.
Од 1999 до 2004 година работел како консултант за Monitor Group во САД, Канада, Европа и Јужна Африка. Тој раководи со маркетинг и стратешки развојни проекти на големи меѓународни компании во областа на телекомуникациите, енергетиката, рударството, осигурувањето и во голем број големи производители на стоки за широка потрошувачка .
Во 2013 година беше министер за економија, енергетика и туризам во преодната влада на Марин Рајков. Од 12 мај до 16 септември 2021 година беше министер за финансии во преодната влада на Стефан Јанев.
Петков работи за канадска компанија за замрзнато месо
Кирил Петков Петков е економист и претприемач , од 12 мај 2021 до 16 септември 2021 година беше министер за економија во преодната влада на Стефан Јанев, а од септември 2021 година беше еден од предводниците на новоформираниот политички проект „Продолжуваме со промената“ и носител на листите, тој е оженет и има три ќерки.
Роден е на 17 април 1980 година во Пловдив. Неговото детство го поминало во Софија, каде што неговите родители биле учители. Кирил завршил софиска седма гимназија. Потоа живеел со своите родители во Ванкувер. Тој има диплома по финансии на Универзитетот на Британска Колумбија во Ванкувер и магистер по бизнис администрација на Универзитетот Харвард, каде што е рангиран во првите 10% од неговата класа .
Тој е еден од основачите на Центарот за економски стратегии и конкурентност на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“, поврзан со Универзитетот Харвард, каде што предава курсеви за „Економски развој“ и „Микроекономија на конкурентноста“.
Работи за McCain Foods, канадска компанија за замрзната храна вредна 6 милијарди долари. Тој развива иновативни проекти со висока додадена вредност и неговата компанија, Proviotic, поседува неколку патенти за биотехнологија во Соединетите Држави.
Во 2018 година, Петков го основа за бугарските студенти по природни науки Центарот за применети истражувања и иновации во природните науки (CASI) на Биолошкиот факултет на Софискиот универзитет . Центарот е отворен за студенти кои имаат магистерски студии по биологија, микробиологија, молекуларна биологија, хемија, фармација, биотехнологија, како и студенти на докторати .
На 27 октомври 2021 година, на барање на 55 пратеници од 46 Народно собрание, Уставниот суд одлучи (со посебно мислење за допуштеноста на барањето на Георги Ангелов) дека именувањето на Петков за министер е неуставно, бидејќи тој исто така бил Канадски државјанин во тоа време.
За време на претседателските и парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември 2021 година, Петков беше казнет од Централната изборна комисија поради кампања на денот на изборите, бидејќи пред камера објави за кој претседателски кандидат гласал и за која политичка партија.
С.Т.