Заврши состанокот на Централното претседателство на Алтернатива.
Од Алтернатива вечерва сооопштија дека дека Централното претседателство на Алтернaтивa, на својата седница, дискутирало за носителите на јавните одговорности во државните институции на Република Северна Македонија.
„Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива анонимно го прифати неговиот предлог.
Иако некои позиции остануваат да се потврдуваат деновиве, тука подолу ќе ги спомнеме некои од имињата кои ќе бидат носители на јавни функции во Собранието, Владата или во други ресори на извршната власт:
Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
Беким Сали – министер за Здравство;
Адмирим Алити – министер за Информатичко општество и администрација;
Џемаил Чупи – министер без ресор – одговорен за дијаспората;
Лулзим Алиу – заменик министер за Образование и наука;
Абдулшиќир Абедини – заменик министер за Земјоделство;
Даим Лучи – заменик министер за Култура;
Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“,
Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.