Убијци, братоубијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, лихвари и други осуденици со тешки кривични дела се најдоа на листата на помилувани за Нова Година од претседателот Ѓорѓе Иванов, објави Телма.
Според телевизијата, меѓу помилуваните се наоѓаат имиња и презимиња на осудени убијци кои ова кривично дело го сториле намерно или во небрежност, како и силувачи и педофили.
Инаку, објавена е само листа на помилуваните, но не и делата за кои се осудени.
Од претседателскиот кабинет реагираат дека телевизискиот прилог е тендециозен.
„Во листата на помилувани нема помилувани за дела за педофилија. Впрочем, за тоа не постои законска можност. Таквите тврдења единствено се граничат со разумното. Како тенденциозно извртување на фактите го оценуваме тврдењето дека извршители на кривични дела се на листата на помилувани. Прашуваме дали постои друга категорија за помилување, освен на извршители на кривични дела, кои се санцкионираат со казна затвор, постапка што јасно е дефинирана со закон“, стои во реакцијата од кабинетот на шефот на државата.