пишува Агим Јонуз
Велат, машката солза е тешка како камен. Таква беше и солзата на Џемо другар ми додека го праќавме неговиот син единец во странство. Го придружував на автобуска станица додека со еден кофер и ранче на рамо син му со црвени очи како бајрак му рече ‘’не се враќам више’’. Тажна атмосфера. Син единец. Џемо се држеше машки ама откога тргна аутобусот Џемо ( мажиште) рикаше како ранет лав и солзите сами му се тркалаа. Вели, единственото пиле во гнездото ми одлета. Го хранев и растев со него заедно, му дадов школо, воспитување, факултет, чесност, образ, љубов, нега, надеж, … Во него гледав иднина, се замислував себе си како шетам со внуци по градски парк како татко на академски граѓанин. Го гледав него како претседател на држава. Како иднина не само моја, туку и фамилијарна, маалска, државна,… Го гледав како сонцето на бајракот. Тој беше мојот бајрак. . Како …. мое се!
И, знаеш што ми рече кога ми соопшти дека бега надвор? Вели, тате,… ете, завршив факултет. Нема пари, нема работа, нема иднина. Политичарите ја шутираат судбината на државата како издишена гумена топка. Велиш, ке ме вработш ти, имаш пријатели! Не, тате, ти не си партиски определен, а и да си, не му ‘’пушиш’’ ( да простите) никому. Кого ке молиш? Некој чобан вчера дојден од планина за да ме вработи мене сто пати по писмен со генерациска традиција во градов? Ке мољакаш по чобаништа, лоповишта, мафијаши, неписмени машносани делегирани креатори на моето секојдневие кои не знаат нос да избришат? Ќе чекам работа од завод за вработување? Ќе планирам фамилија? Како?! Ќе одам на митинзи да врискам за преродбата на Македонија која ја водат предавници на човечкиот род, а не на државата? Не, тате, ова овде е лага која ја жвееме и уште долго ке ја живееме. Ова е проклетија. Ова е лош сон! Ова мора еднаш да се пресече. Нека ми биде господ на помош, ке гледам и тебе и мама да ве повлечам со мене.
Ми изнакажа Џемо многу работи за кои не сакам да ги елаборирам. Болат многу. Болат до коска! Болат затоа што се сурово вистинити. Една работа не може да не ја споделам, затоа што стопроцентно се согласувам и ги пренесувам како мои сопствени. Затоа, читајте ги како зборови на авторот на колумната. Стојам зад тие зборови.
ДРЖАВА КОЈА ТИ БРКА НАЈМИЛО, е во сериозна опасност. У ГОВНА Е МУЛТИПЛЕКС. Држава што се ждере самата себе си, па и нека се иждере. Ама, ждере човечки судбини. Не те родила таа! Те создал бог и те родила мајка. А ти си и се оддолжил на сите начини, добивајки карта за еден правец за своето најмило. Држава која сее траор, жнее јад! Си копа гроб! Држава која од најлојални елементи создава очајни губитници, нека размисли што создава. Држава, која треба да се праша многу нешта. Самата себе си, си сите свои ‘’сопственици’’, со сите свои креатори на ‘’светлата иднина’’, со сите свои преродбеници со преполни џебови, мислители, експерти, патриоти, идиоти, лигуши, пушачи, куртони, сељачишта неизживеани, со сите искомплексирани мајмуни кои од државата ‘’у име народа’’ мајка му ебаа на оној пред самопослуга, кој купил утринава леб, за да направи сендвичи за по пат на своето … најмило! Сендвичи натопени со солзи за најмилото кое купило билет во еден правец.
Безброј прашања еден одговор,.. – ‘’ЖИМИ ТАКВО’’!
Ова не е депресија. Не е пропаганда. Не е пцуење по државата. Нека ме демантира некој дека ова не е сурова реалност. Не е поттикнување омраза. Не е ‘’палење народ’’. Не е плукање по никого. Ова се само најобични прашања на кое тврдам дека девеесет посто од народот нема три чисти и троа простаклак да одговори со – ‘’жими такво’’! Ај, само ќутете си и откако ке ме етикетирате за простак што го спомнувам таквото, самите на себе одговорете си да не чуе никој. Уште им верувате на луѓето? На суд? На институција? На политичар? На комшијата? Во доброто? Во искреноста? Во чесноста? Во блиска подобра иднина? Не верувате дека ке има повторно некоја ‘’тарапаана’’ на Балканот? Среќни сте? Задоволни? Не сакате да побегнете некаде далеку во подобар живот? Имаме квалитетна демократија? Имаме социјална држава? Имаме перспектива овакви какви што сме си? Независни медиуми? Се покривате со платата до први? Им верувате на поповите и на оџите? Имате каде да позајмите кога ке посакате 100 Евра? Можете да се храните по ресторани наместо да џвакате кифла или бурек за пауза? Можете преку викенд да ставите деца, жена куче, маче и да одите на ручек вон градот? Верувате дека скоро ке влеземе у Европа? Можете да испланирате подолго од 24 часа нешто сигурно? Дали постоите онакви какви што би сакале да постоите во своето секојдневие? Е, па – ЖИМИ ТАКВО!
Сите сме загледани во сопственото огледало. Тоа што го гледаме во секојдневието сме ние самите. Ние го креираме. Кога се гледаш у огледало и приметуваш дека имаш бубуљица, и ставаш крема, кога имаш црнка ја стискаш, ако си неизбричен и никаков, се бричиш. Ако ти е по дома несредено и расфрлано, забришуваш и зачистуваш. Ако ти се фармерките скинати, ги крпиш. Живееш во општество и секојдневие кое ти сам го креираш. Имаш бајрак каков што го црташ. Имаш комшиски односи какви што си ги креираш. Имаш се,.. ама немаш ништо! ИМАШ САМО ИЛУЗИЈА!!! А, знаеш зошто? Затоа што си морон, затоа што си мизерија, затоа што си беда, затоа што си толку способен. Не заслужуваш повеќе!
РАЗБУДИ СЕ ДРЖАВО ИЛИ ЦРКНИ!… ‘’ЏА ИЛИ БУ’’,.. зошто и мене ако ме истераш, бумерангот ке ти ебе се живо еден ден! Се колнам во она најмилото со билетот во рака,.. а во еден правец!!!!