УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса

by Фокус

Управата за јавни приходи информира дека од средината на месецов ќе почне со присилна наплата на неплатените сметки за радиодифузна такса.

Од УЈП ги повикуваат граѓаните кои имаат заостанати долгови за радиодифузна такса да ги платат во најкраток можен рок, со цел да не се изложуваат на дополнителни трошоци за присилна наплата и блокирање на нивните сметки.

Дополнително, од Управата посочуваат оти граѓаните ќе можат да извршат плаќање по електронски пат, за да не чекаат на шалтери.

Поврзани новости