436
Датумот за избори 24 април, кој го одредија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се наближува, а Државната изборна комисија се уште не може да започне со проверка и прочистување на Избрирачкиот список, поради кој СДСМ не сака да оди на изборите.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, денеска рече дека Комисијатасè уште не почнала со прочистување на Избирачкиот список, зашто чека согласност од четирите партии, бидејќи работната група сè уште нема доставено забелешки и одобрување за да се усвои методологијата.
Државната изборна комисија засега работи само на организациско-техничка подготовка. Според Чичаковски, од утврдената методологија ќе зависи и времето потребно за прочистувањето на списокот.