КОД: Верушевски сведочел дека прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК

by Fokus

Исказот на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски открива како точно е извршено снимањето и нелегалното прислушкување. Тој уште тогаш барал вештачење за откривање кој е одоговорен и каде нелегално се прислушкувало, објави „Телма“.

При распитот пред обвинител, Верушевски рекол дека обвинител треба да ја вештачи опремата во УБК, но неговиот предлог не бил прифатен и опремата била уништена, поради што потоа СЈО го отвори предметот Тврдина.

– Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протокли кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап – така сведочел Верушевски според сознанијата на емисијата „КОД“.

Поврзани новости