Регионалниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда денеска во Велес оствари средба со граѓаните и ја презентирше својата програма. Носителката на листата во изборната единица три, Весна Стоименовска рече дека Коалицијата предлага формирање на фонд за поддршка и вработување на млади и креативни кадри и тоа во износ од два проценти од буџетот на Република Македонија со цел да се запре иселувањето на младите.
-Нашите проекции се дека за пет години можат,со добра економска стратегија, да се отворат над 30 илјади мали и средни претпријатија со три до пет вработени. Во поглед на сиромаштијата и нискиот животен стандард Коалицијата предлага а тоа и ќе се случи, минималната плата да изнесува 300 евра односно 18 илјади денари, за тоа имаме изготвено и проект. За зголемување на минималната плата предлагаме поддршка од буџетот, средства кои што ќе се обезбедат преку силни антикорупциски мерки, кратења на непродуктивните трошоци и укинување на репрезентацијата за функционерите, рече Стоименовска.
Стоименовска посочи дека субвенциите ќе продолжат да се исплаќаат, но не како досега на концесионери криминалци или партиски војници, туку на вистинските земјоделци.