Коалицијата за промени и правда на митинг вечерва во Скопје

by fokus

Централниот изборен караван на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, вечерва во Скопје ќе одржи митинг на кој свое обраќање ќе имаат Павле Трајанов, носител на кандидатската листа во првата изборна единица и претседател на Демократски сојуз, проф. д-р Весна Антовска, која ќе зборува за програмата од областа на здравството и Глигор Стоименов, кандидат за пратеник во првата изборна единица.

Митингот ќе се одржи во Жена парк, спроти Градската болница со почеток во 17 часот.

Поврзани новости