Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ е за избори најдоцна до првата половина на јули

by fokus

Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“, во чиј состав е и ФРОДЕМ е на став дека избори треба да се одржат што е можно поскоро. Јове Кекеновски во изјава за Фокус вели дека треба да се води сметка за здравјето на граѓаните, но изборите треба да се одржат не подоцна од првата половина на јули.

-Жално е што и досега не се одржаа. Секако притоа дека треба да се води сметка да не биде загрозено здравјето на граѓаните. Избори треба да се одржат најдоцна до пред завршување на првата половина на месец јули затоа што оваа влада не може и не смее повеќе да ја води државата затоа што направи премногу грешки во справување со кризата и води дневна политика. Второ, во пресрет на последиците од кризата пред се на економски план, но и поради опасноста од нов бран на вирус во септември, потребно е државата да ја води влада која ке има одлична програма и пред се желба, знаење и дисциплина за справување со предизивиците кои ни претстојат во иднина, како на економски така и на финансики и здравствен план, а не приоритет да и бидат полните функционерски џебови и ловење во матно, вели Кекеновски.

Во однос на тоа зошто ВМРО-ДПМНЕ инсистира на избори во август или почетокот на септември, Кекеновски смета дека тоа е поради тоа што рејтингот на раководството на партијата е низок.

-Тие сметаат дека на оваа неспособна влада рејтингот ќе и падне во текот на овие неколку месеци. Односно мислат дека тогаш ке имаат поголем број пратеници поради слабиот рејтинг на СДСМ, смета Кекеновски.

Партијата на Јанко Бачев, Единствена Македонија, Јове Кекеновски од ФРОДЕМ и Родољубното здружение Тврдокорни се дел од коалиција наречена „Никогаш Северна, само Македонија“, која пријави кандидатски листи во сите седум избори единици.
Во коалицијата се и Демократска Фракција на ВМРО, Унија на ветерани на ВМРО 1990 и Заедница на македонските друштва од Швајцарија.

К.С.

Поврзани новости