Мицкоски за евентуален бојкот на избори во јуни: Се е можно

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на ТВ Клан прашан дали се е можно доколку СДСМ одлучи изборите да бидат во јуни, па и бојкот, Мицкоски одговори дека да, се е можно.

-Да седнеме да ги судриме аргументите, да ги обединиме сите аргументи и да донесеме заедничка одлука. Се разбира дека тоа не може да биде јуни или почеток на јули. Ние мораме да им оставиме на граѓаните период на транзиција после вонредната состојба. Вакво неодговорно однесување не можам да го разберам. Доколку еднострано одлучат да одат на избори во јуни, им посакувам среќа. Би се задржал на овој одговор. Се е можно, вели Мицкоски.

Поврзани новости