Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи вработувања на 120 лица во Водовод

by Fokus

Советникот во советот на Град Скопје од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, Малиша Станковиќ на денешната седница говореше за вработувањата во ЈП Водовод и канализација за наредната година.

Тој потенцираше дека нема да поддржи вработување на овие лица, бидејќи новоименуваниот директор на претпријатието веќе ги прекинал договорите на 100 лица со објаснување дека претпријатието е превработено.

„Се работи за една точка а тоа е утврдување на годишниот план за вработување на лица во повеќе јавни претпријатија. Во случај ова е точка на вработувања на лица во ЈП Водовод и канализација каде што е предвидено дека во наредната година односно во 2023 треба да се вработат 120 лица. Не значи дека сите 120 лица ќе се вработат“, рече тој.

Поврзани новости