584
Некогашниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека продолжуваат со нивното барање кое го сметаат за демократско и во најдобар интерес на сите.
„Заедно со мојот претседател и пријател Али Ахмети и цврсто во мојот став против извршната власт“, истакна Меџити.
За изјавата на Ахмети, кој рече дека ДУИ може да функционира без Џафери, Беџети, Меџити изјави дека ДУИ може да функционира и без нив, но и без Артан Груби.