Коалицијата е стабилна, вели премиерот по превирањата во ДУИ

by Фокус

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски не стравува дека владејачкото мнозинство во Собранието би можело да се загуби поради фракции во ДУИ, која е најголемиот коалициски партнер на социјалдемократите. Според него, коалицијата е стабилна.

-Нема опасност од губење на мнозинството во парламентот – истакна Ковачевски.

Изјавата на премиерот доаѓа откако пред неколку дена актуелни и поранешни функционери од ДУИ до медиумите лиферуваа реакција со незадоволство за состојбите во партијата, а на списокот беа потпишани и двајца пратеници.

Поврзани новости