Централниот предизборен караван на Коалицијата за Промени и Правда,предводен од Демократскиот сојуз, денеска престојуваше во повеќе населби, меѓу кои Маџир маало, во Скопје, каде се сретна со граѓаните и им ја презентираше својата програма.
-Само со поддршка од 10% од граѓаните ќе го демонтираме еднопартискиот, олигархиски и криминален систем. Таа поддршка ја имаме и гарантираме дека никогаш нема граѓаните да дозволат еден човек една партија да владее. Попусти се повиците да не се гласа за другите партии, Никола Груевски и Зоран Заев, бараат по 63 пратеници, за да не се промени ништо. Но. народот знае дека само со новата сила, Коалицијата за промени и правда, ќе има баланс и одговорна власт, изјави Павле Трајанов.
На прес конференцијата се обратија и Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица и Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица.