Судијката што ќе го суди Груевски стана в.д. претседателка на Основен суд

by fokus

Судијката, Татјана Михајлова која е назначена да го води предметот на Специјалното јавно обвинителство во кое обвинет е Никола Груевски денеска беше избрана за  в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1.

Судскиот совет на денешната седница којашто беше одржана за избор на привремени претседатели на најзначајните судови за в.д претседател на Врховниот суд ја избра Снежана Бајлозова.

Михајлова претходно ја водеше и истрагата Ликвидација во која беше осуден новинарот Томислав Кежаровски поради откривање идентитет на заштитен сведок.

Судскиот совет соопшти дека претседатели на судовите ќе се избираат по парламентарните избори, а сега се избираат в.д. претседатели.

Поврзани новости