557
ДПМНЕ и СДСМ нема да освојат доволен број на пратенички мандати затоа што 25 години со своите влади директно влијаеа на осиромашувањето на РАБОТНИЧКАТА КЛАСА во Македонија и за тие 25 години за 11 пати го урнаа нивниот животен стандард, истакнаа денеска на прес конференција од МОРО-Работничка партија, која е дел од Коалицијата за промени и правда.
-Третиот блок ,Коалиција за Промени и Правда” ќе добие доволен број на пратенички мандати за формирање на влада, затоа што РАБОТНИЧКАТА КЛАСА, организирана во Синдикални организации и Работничката партија, без оглед на националната и верската припадност КОНЕЧНО ќе сфати дека само претставниците на КЛАСАТА како пратеници во Собранието, можат во целост да ги реализираат сите нивни КЛАСНИ БАРАЊА за ЕДНАКВОПРАВНОСТ на сите граѓани, за ПОВИСОК ЖИВОТЕН СТАНДАРД и за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА како што се: Изедначување на управувачките права во сите фирми и тоа 50% по основ на капитал и 50 % по основ на ТРУДОТ на ВРАБОТЕНИТЕ, рекоа од МОРО.