„Веста дека Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, до крајот на годинава ќе се повлече од челната позиција на СОРАВИЈА е еден од показателите дека ДУИ се подготвува за опозиција. И со ова се обидува да избега од одговорноста за криминалот што го направиле членовите на семејството на лидерот на ДУИ. Но, повлекувањето од управниот одбор на СОРАВИЈА, не може да го покрие отпечатокот на внукот на Али Ахмети, кој на возраст од само 25 години, стана сопственик на капитал вреден 35 милиони евра. Од друга страна, албанските студенти, лекари, полицајци, архитекти, секојдневно ги полнат автобусите за да се исселат во странство, бидејќи тука не можат да си обезбедат егзистенција“ вели Астрит Илази од Коалицијата ВРЕДИ.
Тој смета дека „овој чекор на Дрин Ахмети открива уште еден факт, дека можеби тој не е директен сопственик на СОРАВИЈА, туку неговиот чичко Али, кој се обидува да го скрие своето богатство кај членовите на својата фамилија. Или пак, ова го поттикнува прашањето, дали Дрин Ахмети знае дека откако неговиот чичко нема да биде веќе на власт, тој ќе ја изгуби способноста да биде бизнисмен, да управува со милиони, и дека може да заврши во затвор за несправедливо зголемување на богатството, и на овој начин се обидува да ја сокрие неспособноста и криминалот предизвикан од семејството Ахмети?“.
„Јавноста, исто така, има интерес да знае, дали ќе се отстранат од управните позиции синот, ќерката и зетот на Али Ахмети, од компаниите кои исто така вртат милиони евра годишно, преку тендери што ги добиваат од државните компании? Сепак, сè е јасно! Семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, толку длабоко навлезе во криминал, толку што изгуби контрола и не знае како да го прикрие. И во секој обид да се покрие, излегува нов скандал! Но, доброто е што 8 мај е многу блиску! Институциите ќе ги водат луѓе кои се ВРЕДНИ! А коалицијата ВРЕДИ, после 8 мај, ќе ги активира сите институции кои имаат задача да ги откријат криминалот и корупцијата“ вели Илази.