Коалите пред изумирање: Пожарите во Австралија драстично ја намалија популацијата

by Fokus

Поради големата суша и пожари кои ја зафатија Австралија, популацијата на коалите драстично се намали.

Претседателката на австралиската фондација Коала, Дебора Табарт, проценува дека повеќе од 1.000 коали биле убиени од пожарите и дека 80 отсто од нивното живеалиште е уништено.

Пошумувањето и пожарите го уништуваат главниот извор на исхрана за коалите, еукалиптус. Една коала јаде до два килограми лисја од еукалиптус во денот, што претставува нивната главна состојка во исхраната.

Потребни се неколку месеци за растенијата од еукалиптус да се обноват по пожарот, а не постои друг соодветен извор на храна за коали, па многумина од нив умираат од глад.

Болницата за коали „Порт Маквери“ собира донации за да помогне во лекувањето на повредените коали. За сега се собрани вкупно 1.330.000 австралиски долари од 30 илјади донатори.

 

Поврзани новости