Книга на жалост отворена во училиштето „Здравко Цветковски“ за Михаел кој загина со неговиот татко во тешка сообраќајка

by irena 16:07
16:07

Комеморација во спомен на Михаел Арсовски беше одржана денеска во неговото средно училиште „Здравко Цветковски“.

– Во негов спомен, во нашето училиште е отворена Книга на жалоста, која ќе биде поставена во текот на целата недела на главниот влез во училиштето. Сите кои сакаат ќе можат да дојдат, да се потпишат и да остават неколку зборови во спомен на Михаел. Некои луѓе си заминуваат прерано, но нивната насмевка, спомените и трагата што ја оставиле во нашите животи остануваат засекогаш. Михаел ќе остане засекогаш дел од нашето училишно семејство и нашите срца. Почивај во мир, Михаел. Никогаш нема да бидеш заборавен, објавија од училиштето.

Михаел го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи викендов на општинскиот пат Илинден -Миладиновци, кај полициската база Брест која се наоѓа во склоп на Меѓународниот аеродром Скопје. Во несреќата загина и неговиот татко, а неговата 18 годишна сестра е тешко повредена.

Сообраќајката, информираше Обвинителството, се случила кога автомобил „опел“ корса со кумановски регистарски ознаки, управуван од 19-годишен кумановец се судрил директно со автомобил „хјундаи И30“ управуван од 51-годишен жител на Марино, татко на Михаел.

Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на корсата и неговиот сопатник на иста возраст, кои биле пренесени во болница во животозагрозувачка состојба.

Слични вести