Клучните обвинителства и понатаму ќе останат обезглавени, се поништи распишаниот оглас

by fokus

Иако по изборот на новиот републички јавен обвинител, Љубомир Јовески, требаше да се пополнат испрзнетите челни позиции во Скопското јавно обвинителство и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, сепак изборот ќе се одолговлекува барем уште неколку месеци.

Иако во изминатиот период Советот на јавни обвинители требаше да закаже седница за избор, сепак донеле одлука дека ќе се распише нов оглас.

-Поминаа шест месеци од распишување на огласот, па затоа одлучивме дека треба да се распише нов оглас, ни изјави Коле Штерјев, претседател на Советот, без конкретно да образложи зошто изборот не се случил во изминатиот период.

Мандатот на Гордана Гешкоска, шефицата на Скопското јавно обвинителство, заврши во мај 2017 година, а таа на веќе поништениот оглас повторно конкурираше за шефовската фотеља во скопското јавно обивнителство.

Ја прашавме Гешкоска дали сега повторно ќе конкурира на новиот оглас, а таа одговори дека допрва ќе размисли. На стариот оглас беше пријавени и Јован Цветановски, кој и беше заменик. Гешковска на јавноста и е позната и по предметите што ги водеше како обвинител за организиран криминал меѓу кои „Бачило“ и „Пајажна“ против Велија Рамковски кои добија завршница пред македонските судови, „Монструм“ кој се наоѓа на ревизија пред Врховниот суд, случајот „Изгрев“ што апелација го укинуваше.

Цветнановски пак како нејзин заменик, пошироката јавност го запозна по прес конференцијата што ја одржа за слуачјот „Фабрика за афери“ против Захир Бекири Чауш. Во трката влегува и обивнителот Мартин Митревски кој го водеше предметот за големиот пожар во Македонска пошта и обвинителот Расим Дреца.

Интересна битка ќе се води и за челната позиција во обвинителството за организиран криминал, каде што до неодамна шефуваше Јово Илиевски. Освен досегашниот вршител на должност во ова обвинителство Златко Биковски, на поништениот оглас се имаа пријавено и обвинителите Вилма Русковска, позната по предметите „Диво Насеље“ и „Детонатор“, Лидија Раичевиќ Вучкова која го води предметот „Ровер“ против Љубе Бошковски, а кој Апелација два пати го укинува.
Валентина Вурмо

Поврзани новости