Клубовите од Премиер лигата потрошија повеќе од кога било досега во еден преоден рок, бидејќи бројката надмина 3 милијарди фунти ова лето.
Вкупно 2,73 милијарди беа потрошени до 31 август, но големите трансфери на денот на затворање на самиот преоден рок – предводени од трансферот на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул за британски рекордни 125 милиони фунти – го зголемија вкупниот износ на 3,087 милијарди фунти.
Ова трошење е далеку поголемо од минатото лето, кога клубовите од елитно ниво потрошија 1,96 милијарди фунти.
Вкупната бројка е поголема од онаа што клубовите од Бундеслигата, Ла Лига, Лига 1 и Серија А ја поминаа заедно.
Самиот последен ден беше прилично мирен, најголемите зделки не беа објавени сè до истекот на рокот во 19:00 часот по британско време, иако трансферите можеа да се завршат уште два часа подоцна доколку потребната документација беше доставена на време.
Трансферот на Исак беше потврден во 21:30 часот, додека очекуваниот трансфер на англискиот дефанзивец Марк Гајо не беше реализиран бидејќи Кристал Палас не успеа да најде замена за својот капитен.
По потврдувањето на заминувањето на Исак, Њукасл го објави доаѓањето на Јоан Визе од Брентфорд за 55 милиони.
Други значајни трансфери вклучуваат рекорден договор од 34,6 милиони фунти од Фулам за Бразилецот Кевин од Шахтјор, потпишувањето на белгискиот голман Сене Ламенс во Манчестер Јунајтед од Антверпен за 18,1 милиони фунти, како и позајмувањата на Џејдон Санчо во Астон Вила и Харви Елиот во Астон Вила (со опција за откуп).
Тотенхем го доведе Рендал Коло Муани од ПСЖ на едногодишна позајмица, додека Арсенал го потпиша дефанзивецот Пјер Хинкапје од Баер Леверкузен, исто така на позајмица.