По поразот на претседателските избори во САД, разочарана и со солзи во очите, демократката Хилари Клинтон се обрати пред јавноста.
-Жал ми е што не победивме на овие избори, жалам за вредностите што ги делевме и визиите што ги имавме. Но, горда сум и благодарна.Вие го претставувате најдоброто на Америка, рече Клинтон, додека нејзините поддржувачи со овации и даваа поддршка.
-Ова е многу болно и ќе биде уште долго време. Но, сакам да запаметите нешто- нашата кампања никогаш не беше за еден човек или за победа на изборите, туку беше за земјата што сите ја сакаме.
Во емотивниот говор, Клинтон се осврна на поделеноста на нацијата и потребата на земјата да се движи напред.
-Видовме дека нашата земја е повеќе поделена отколку што мислевме. Но, јас се уште верувам во Америка и секогаш ќе верувам. Ако верувате и вие, мора да го прифатите овој резултат и да гледате кон иднината. Доналд Трамп ќе биде нашиот претседател. Да му дадеме шанса да ја води- рече Клинтон.