772
Се воведува забрана за движење во Киев без посебни пропусници од 20 часот денеска до седум часот на 17 март, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на својот Телеграм канал.
– Согласно одлука на воената команда од денеска – 15 март, од 20 часот, во Киев се воведува полициски час. Забрането е движење низ градот без посебни пропусници. Може да се излезе само за да се стигне до засолниште. Полицискиот час ќе биде во сила до седум часот на 17 март, напиша Кличко