Кличко: Во центарот на Киев утрово одекнаа неколку експлозии

by Fokus

Неколку експлозии утрово одекнаа во централниот дел на Киев.

Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека во округот Шевченко се слушнале две експлозии, пренесува „Униан“.

Надлежните апелираат граѓаните да останат во засолништа.

-Неколку станбени згради се оштетени во напад со дрон во квартот Шевченко во Киев, извршен од руските сили, објави градоначалникот Виталиј Кличко.

Тој изјавил дека избувнал пожар во зграда и дека пожарникарите се на терен, пренесува „Укринформ“.

Градската воена управа на Киев денеска соопшти дека руските сили продолжуваат со нападите врз виталната инфраструктура во главниот град на Украина.

Се утврдуваат информации за повредени, пренесува „Укринформ“.

Поврзани новости