Клековски смета дека поштенска марка со ликот на Гоце Делчев не е провокација

by Fokus

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски во гостувањето на ТВ 24 говореше за Декларацијата за Гоце Делчев, предложена од опозициската партија. Според него, не гледа што е спорно да се издаде поштенска марка со ликот на Гоце Делчев

„Слушнав и потешки квалификации од координаторот на пратеничката група на СДСМ и министерот за надворешни работи Бујар Османи дека ја истоветува Декларацијата со онаа на Каракачанов за свети Кирил и Методиј, дека двете ВМРО се насочени кон рушење на евроинтеграциските процеси итн. значи дека имаше тешки обвинувања околу Декларацијата за Гоце Делчев. А, никој не слушнав до сега да каже што има во Декларацијата и што е спорно во Декларацијата. Јас ја прочитав Декларацијата и во основа е програма за одбележување на 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Во самата Декларација е предвидено да има дебати на Институтот за национална историја, МАНУ. Да има и поштенска марка со ликот на Гоце Делчев и неколку други активности“, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата на телевизија 24.

„Што има спорно ако би издале поштенска марка со ликот на Гоце Делчев. Ние во секој град имаме училишта именувано по Гоце Делчев. Во секој град имаме булевари именувани по Гоце Делчев. Не гледам ништо спорно, ама во исто време Бугарија издаде пригодна пара со ликот на Гоце Делчев по повод на 150 години. Не гледам зошто поштенска марка со ликот на Гоце Делчев е провокација, а пара со ликот на Гоце Делчев од страна на Бугарија не е провокација“, додаде тој.

Поврзани новости