Политичкиот аналитичар Сашо Клековски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека Македонија веднаш прифатила реализација на ерга омнес и не си оставила аргументи за понатамошните преговори со ЕУ.
-Мислам дека е извлечен релативниот максимум за националноста. За јазикот макеоднски, збунува нон пејперот на Грција, кој е за билдање рејтингот на Ципрас пред дебатата во Парламентот. Доаѓаме до опсегот, ние даваме егра омнес веднаш, по влезот во НАТО. И сега слушаме дека и во ексклузивната употреба на придавките има проблем и нејаснотии. Не разбирам зошто треба да се смени името на Македонската опера и балет, кој не го содржи називот Република Македонија. Целосно е нејасно. Се надевам дека грчкиот нон пејпер е претеран. Ние ги дадовме сите преговарачки аргумети сега, ако се случи во преговорите со ЕУ Грците да бараат уште, ние веќе немаме што да даваме. Каков е тој стратешки партнер и пријател кому му пречи какви таблички имаме на автомобилите?, рече Клековски.