Народната банка соопшти дека ќе има нови олеснувања за клиентите на Алта банка АД Битола која од неделата е под администрација на централниот регулатор.
„Неколку часа филијалата на Алта банка во Битола е празна, услужени се сите приматели на социјална помош и оние пензионери кои не извадиле претходно пензија. Утре, 7 ноември, НБРМ за да им излезе во пресрет на оние граѓани од Ресен, Прилеп и Охрид, ќе организира автобуски превоз до филијалата на Алта банка АД Битола со цел да си ги подигнат и тие пензиите и социјалната помош. Логистички ова е полесно за организација отколку да се носи готовина во филијалите во овие градови“, рече на прес-конференција гувернерот Трајко Славески.
Од 9 неомври, ќе се отворат шалтери и во Тетово и во Струмица за да може клиентите од овие градови да подигнат до 20.000 денари.
„Од следната недела, неделниот лимит за плаќање со платежната картичка ќе биде зголемен од 10.000 на 15.000 денари. Третото олеснување се однесува на сите идни пензии, плати или социјални трансфери кои доаѓаат од институции или фирми кои имаат сметки во други банки, граѓаните ќе можат да ги повлечат во целост, беа ограничување на износот. Затоа граѓаните нмеа да мора да отвораат сметка во друга банка“, потенцира Славески.
Според него, експертите за софтвер работат деноноќно за да биде овозможено од следната недела пред истекот на рокот за исплаќање на плати, фирмите да може да исплаќаат плати. Инаку, филијалата во Битола работи во две смени и утре во сабота. Денеска биле ослужени 660 граѓани.
Според гувернерот, Алта Банка продолжува да работи, администрацијата е привремена мерка, состојбата во банката е добра, таа е ликвидна и високо капитализирана. Мерките се однесуваат на зачувување на ликвидноста и заштита на интересите на клиентите на банката.
„Пензиите се исплатени, ова се однесува на доходите. Алта ги исплати пензиите пред почетокот на месецот, па некои од пензионерите веќе ги имаа подигнато тогаш пензиите.“, рече Славески.
О.К.