Клан објави дека во Хрватска е уапсен Горан Грујевски – обвинет за масовното прислушување

by fokus

Вчера во Загреб бил уапсен Горан Грујевски, македонски државјанин кој со години се бара со меѓународна потерница за масовното прислушување, објави Клан ТВ.

Горан Грујевски беше началник на Петтата управа во МВР. Тој заедно со Бошковски се главни обвинети во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување, во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.

Грујевски беше обвинет и во случајот „Тврдина 2“, за незаконско палење документи на ДСК, доказите за нелегалното прислушување. Тој е во бегство од 26 јули 2017 кога требаше да оди во притвор, но полицијата не го најде дома.

Од Министерството за правда засега нема официјална потврда за објавената вест.

Поврзани новости