Поранешниот премиер на Бугарија – Кирил Петков бил дел од страшна сообраќајна несреќа во која има најмалку еден загинат и двајца тешко повредени јавуваат бугарските медиуми.
Во сообраќајката повреден е возачот на Петков, и едно лица во другиот автомобил, додека загинал возачот на другиот автомобил.
Според првичните информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загина маж на возраст од 60-тина години преминал на другата коловозна лента.
Петков се здобил со повреди, но засега нема информации во каква здравствена состојба е поранешниот бугарски премиер.
Пред речиси еден месец и другиот копретседател на „Промените продолжуваат“ – Асен Василев учествуваше во верижна сообраќајна несреќа, која помина само со материјална штета.