Откако денеска досегашниот директор на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски си поднесе оставка од функцијата, на негово место е назначен досегашниот директор на Пазарниот инспекторат, Кирил Миновски.
На Трајковски во август му истече мандатот и беше поставен за в.д директор, а Владата во меѓувреме распиша оглас за раководната функција во оваа државна институција. Трајковски денеска преку допис ја известил УЈП дека од денеска нема да ја извршува директорската функција.
-Почитувани,
Ве известувам дека од 04.11.2015 година нема да ја обавувам функцијата Директор и нема да бидам дел од раководството на Управата за јавни приходи. Ви благодарам за досегашната Ваша ангажираност во исполнувањето на работните задачи. Ви посакувам понатамошен успех на деловен и личен план, напишал Трајковски во дописот.