Кирацовски: Влатко Ѓорчев беше удрен со шлаканица, но продолжи да ја смирува толпата

by fokus

Влатко Ѓорчев, Александар Флоровски и уште неколку лица имале заштитничка улога, односно се обидувале да ја смират топлата која ги напаѓала пратениците на „крвавиот четврток“ во Собранието, рече денеска пред судот пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, кој се јавува како сведок во предметот за обидот за убиство врз Зијадин Села.

Тие продолжиле да ја играат оваа улога и откако обезбедувањето испукало неколку истрели. Дури поради таа улога, рече Кирацовски, си наштетиле самите на себе.

-Влатко Ѓорчев беше удрен со шлаканица, но не се поколеба. Продолжија да смируваат – реце Кирацовски.

Кирацовски во своето сведочење истакна дека поради лошата прегледност во судница дури отпосле препознал уште еден од обвинетите кој учествувал во извлекувањето на Села од останатите пратеницњ, посочувајки го Никола Воиновски. Појасни дека тој не видел кој го удира, но посочените обвинети биле во негова непосредна близина.

 

Поврзани новости