Кирацовски: Села беше за коса извлечен од останатите пратеници

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацовски, продолжи со своето сведочење во Кривичниот суд за обидот за убиство врз Зијадин Села на 27-ми април минатата година.

Пред Села, според Кирацовски, стоел обвинетиот Александар Јаневски Тошта, Стојан Павлески, Кире Георгиевски и Сашо Сенков.

-За Тошта не можам да потврдам дека удирал или тепал, но сум сигурен дека тој го извлече Села од групата пратеници. Павлески постојано дофрлаше и викаше по нас. Обвинетиот Кире повеќе насочен со удари и пцовки спрема нас останатите и кон Заев. Кога видов дека Тошта го одвлекува Села, со него беше и ми се чини обвинетиот Сенков и Павлески – реце Кирацовски.

Тој рече дека откако Села бил одвлечен повеќе не го видел. Тој појасни дека Села бил извлечен насилно, а бил тегнат и за коса.

-Откако Села беше извлечен салата се преполови, односно многу лица се тргнаа од нас и замина да го “придржуваат” Села. Единствено нападите кон Заев не се намалија се додека не дојдоа специјалците – рече тој.

И Кирацовски како и претходно сведоците Џафери и Манчевски, реце дека лицата со фантомки не учествувале во тепањето, туку некогаш ја смирувале насилната толпа, а некогаш ја насочувале да дејствува.

-Еден од пратениците доби порака и рече дека Села е убиен. Тогаш неизвесноста кај сите нас се зголеми и бевме фокусирани да се сочуваме себе си – реце Кирацовски.

 

В.В.

Поврзани новости