Уапсен тетовец кој криел хероин во кутија за цигари

by fokus

Полициски службеници нашле хероин кај 39-годишниот Ј.Ќ. од Тетово кој е уапсен вчера околу 16.30 часот на улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово. Како што велат од МВР, при преглед во кутија од цигари полициските службеници пронашле седум најлонски пакувања со хероин.

Пакувањата му биле одземени  и дадени на вештачење, а тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против Ј.Ќ. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани новости