Кирацовски: Новиот лидер на СДСМ треба да биде обединувач

Тоа не е невозможна мисија, иако досега им успеало само на Заев и Црвенковски, вели тој во изјава за неделникот Фокус.

by Фокус

Кога веќе претседателот Зоран Заев дефинитивно се повлекува, на СДСМ во моментов му е потребен човек кој знае што со партијата, умее како со луѓето и веќе има одговор на големите државни прашања – вели во изјава за неделникот Фокус Александар Кирацовски, кој беше потпретседател и генерален секретар откако Заев стана лидер.

-Новиот лидер треба да биде обединувач кој ќе ги консолидира раслоените фрагменти во кадровска и политичко-идеолошка смисла, но и човек кој ќе успее да ги освои срцата на мнозинството членови.

Тоа, секако, е тешка мисија која досега им успеала само на двајца лидери – Зоран Заев и Бранко Црвенковски, но секако, со тек на времето не и невозможна – смета Кирацовски.

Според него, „заевата етапа“ започна многу порано пред тој да стане претседател на СДСМ, односно, како што вели, со почетокот на неговиот серијал победи на локално ниво како градоначалник на Струмица.

Тој додава дека генезата за загубата на овогодинешните локални избори е повеќеслојна и, според него, се работи за неизлезноста на традиционалните гласачи, коалициското раслојување на СДСМ и други слабости.

-Внатрепартиски, разединетоста на врвно, но и локално ниво, автократската статутарната поставеност на изборот на тела и органи кој извира од горе па надолу, а треба обратно се дел од причините за актуелната инертност на партијата.

Полтронизмот кој го трули здравото партиско ткиво и ја засенува мисијата за која постоевме. Предоминацијата на луѓе кои со папочна врвца беа врзани со режимот, а денес обавуваат високи државни функции. Лукративноста… – објаснува тој.

Кирацовски ги критикува партиските одлуките да се разреши Стојко Пауновски од Пазарниот инспекторат и да не се кандидира Максим Димитриевски за градоначалник на Куманово. Воедно, според него, добар дел од градоначалниците не ги исполниле очекувањата на граѓаните.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

В.С.

Поврзани новости